Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Покрај здравствените синдикати, и матичните доктори бараат повисоки плати, од Министерството за здравство велат нема пари за зголемување на платите

Министерството за здравство за едни мајка, а за други маќеа се жалат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство за едни мајка, а за други маќеа се жалат од Здружението на приватни лекари на Македонија. Според претседателката, Лилија Чолакова Дервишова редно време е повисоки плати да добијат и приватните лекари. Прашува како е можно, доктори кои имаат завршено ист медицински факултет во иста држава различно да бидат платени.Таа алармира дека со оваа разлика ќе се зголеми недостигот на кадар – со тоа што матичните доктори ќе ги затворат амбулантите и ќе работат за поголеми плати на друго место.

Наше е да аларамирме како Здружение на приватни доктори во Македонија. Ако се продолжи ваквиот начин на покачување во континуитет, оти они нели вклучија некаков договор со синдикатите.Ќе дојде до расцеп на висините на платите во јавно здравство и во примарно здравство.Согласно тоа логично следува понатаму кај нас да се јавува недостиг на кадар затоа што секој ќе оди кај што има повисока плата.Ова е сериозен проблем и треба сериозно да се размислува за луѓе кои имаат ист медицински факултет различно се третираат во една иста држава – вели Лилија Чолакова Дервишова – претседател на здружението на приватни Лекари на Македонија.

Реклама

Зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж побараа вчера од независниот синдикат на здравствените работници. На овие барања од ресорното министерство им одговори дека нема пари за нови покачувања на платите во јавното здравство.Оправдување на министерот Меџити му е тоа што веќе два пати се покачиле платите на здравствените работници.

Со овој песимистички одговор од министерството, се поизвесно е дека во четврток ќе има протест на вработените во здравството кои се дел од сидникатот.

Ања Лукарова