Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Поетски читања, промоции и авторски портрети на вториот ден од Струшките вечери на поезијата

Вториот ден од 65. издание на Струшки вечери на поезијата носи богата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вториот ден од 65. издание на Струшки вечери на поезијата носи богата програма исполнета со поетски читања, книжевни промоции, авторски портрети и меѓународни средби.

Програмата започнува со поетско читање на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, по што ќе следува портрет на минатогодишната добитничка на признанието, Јулијана Величковска.

Во рамките на денешната агенда се и промоциите на книгите од едицијата „Плејади“, како и промоцијата на книгата со интервјуа „Венценосци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски.

Реклама

Фестивалската програма предвидува и поетско кафе – средба со издавачи, агенти и професионални посетители во рамките на ВЕРСОПОЛИС, како и портрет на Даниел Хајндс, лауреат на наградата „Мостови на Струга“, што заеднички ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО.

Во вечерните часови ќе се одржат меѓународните поетски читања „Кругови“ и „Ноќ без интерпункција“, еден од препознатливите сегменти на фестивалот.  На полноќ ќе се одржат традиционалните „Ноќи без интерпункција“, на кои ќе настапат поетите застапени во антологијата на македонската поезија „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски на сцената во Домот на поезијата „Браќа Миладиновци“.

Вториот фестивалски ден потврдува дека Струга и годинава останува место каде што поезијата ги обединува различните јазици, култури и книжевни традиции од целиот свет.

Фестивалот беше отворен вчера со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга. Официјалното отворање продолжи со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ во Домот на поезијата, по што следуваше меѓународното поетско читање „Меридијани“.

Годинашното издание се одржува под мотото „Каде што живее поезијата“ и ќе трае до 29 јуни. Фестивалот е под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и туризам.