Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.

Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шума гори во село Сретеново, општина Дојран. Останатите два се на велешка територија – покрај автопатот Велес – Штип кај Чолошево опожарени се ниска вегетација и сува трева, а на градската депонија гори ѓубре.

Од изгаснатите пожари денеска, едниот бил во општина Долнени – село Житоше, во близина на училиштето, гореле ниска вегетација и сува трева. Другиот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, горело ѓубре.