Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Петрушевски: Има ли срам градоначалникот Лимани кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата? 

Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата?, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.

Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност.

Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? 

Реклама

За разлика од Валбон Лимани, Љупчо Папазов, од Кочани по пожарот во Пулс веднаш поднесе оставка од функцијата градоначалник, и заедно со двајца негови претходници беше во притвор за приватен објект. 

Зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДСМ, ДУИ и Таравари? Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата? 

Ги охрабруваме надлежните институции и обвинителството, да не ги штитат блиските на Филипче, Ахмети и Таравари. 

Одговорност треба да има што поскоро, а морална одговорност и оставка на Валбон Лимани беше најмалку што требаше да се случи.