Реклама

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Македонија

„Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил-Скарабеус добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година

Поетската книга „Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поетската книга „Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво. 

„Патешествие низ времиња“, според жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, е збирка што се движи меѓу личното искуство, сеќавањето и чувството на припадност. 

– Во неа се препознава авторската потреба да се зачуваат миговите, местата и луѓето што оставиле трага во животот на поетот. Особено впечатлива е постојаната врска со Македонија која се јавува не само како географски простор туку и како духовна точка на враќање. Песните се градени врз богата сликовитост и симболички претстави, а мотивите на патувањата и корените се провлекуваат низ целата книга, стои во образложението. 

Реклама

Според жири-комисијата, најсилни се оние песни во кои личната емоција останува непосредна и ненаметлива. Збирката опфаќа различни теми – од љубов и забуга до социјални и идентитетски прашања. 

– Понекогаш авторот повеќе се потпира на атмосферата отколку на исказната јасност, но токму тоа и’ дава препознатлив тон на книгата. Станува збор за поезија што произлегува од животното искуство и длабоката потреба тоа искуство да биде споделено. Како целина „Патешествие низ времиња“ нуди искрен и личен поетски запис за човекот меѓу спомените, патувањата и потрагата по дом, стои во образложението на жири-комисијата.