Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Македонија“.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека отворањето на овие простории претставува значаен чекор во унапредувањето на системот на правда за деца и воспоставувањето повисоки стандарди во постапувањето со децата кои доаѓаат во контакт со институциите.

Реклама

– Со отворањето на овие простории не создаваме само нов функционален простор, туку воспоставуваме повисок стандард во третманот на децата. Заедно со веќе воспоставените капацитети во СВР Битола и планираните простории во СВР Тетово и СВР Скопје, градиме систем кој ќе обезбеди еднаков, професионален и достоинствен третман на секое дете на целата територија на државата, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека новите простории ќе овозможат полициските службеници и стручните лица да постапуваат во средина прилагодена на возраста, психолошките и емоционалните потреби на децата, што е особено важно во случаи на семејно и родово базирано насилство, кога безбедната и доверлива средина е предуслов за навремена заштита и ефикасно институционално постапување.

Министерот потенцираше дека квалитетот на една институција се мери и според начинот на кој се грижи за најранливите категории граѓани, нагласувајќи дека секое дете, без разлика дали е жртва, сведок или лице во судир со законот, заслужува достоинствен третман, целосна заштита на своите права и професионален пристап кој ќе спречи секундарна виктимизација.

Воедно, Тошковски упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, Шведската агенција за меѓународен развој и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за нивната долгогодишна поддршка во јакнењето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи и унапредувањето на полициските реформи.