Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Османи не гледа вина во себе и владата што влегоа во процес кој не можат да го исполнат, уставните измени ќе имало

Власта вети внесување на Бугарите во уставот без да се консултира со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта вети внесување на Бугарите во уставот без да се консултира со никого, па сега откако се чини дека нема да успеат да ги реализираат уставните измени, вината ја префрлаат кај опозицијата.

Министерот Бујар Османи вина не гледа ни во себе ни во Владата. Единствен виновник според него е опозицијата. А зошто вина не гледаат во себе особено оти како услов прифатија нешто што најверојатно не можат да го исполат, Османи без суштински одговор… Ја употреби неколку пати повторената фраза:  уставните измени биле во наша корист.

Опциите беа и се две: уставни измени или Комисија за историски прашања. Ние сметаме дека ова е нашиот интерес – уставни измени, бугарска малцинска заедница со сите права. Алтерантивата на уставните измени е седнување и решавање на сите прашања, како што и беше доминантен пристап во текот на разговорите со Бугарија претходно…, вели Османи.

Реклама

Османи како и Ковачевски е уверен дека уставните измени ќе се случеле, вели дека разговараат и со пратеници од другите партии чии раководства не се согласувале со уставните измени, и е убеден дека ќе соберат доволно пратеници. Сепак не одговори колку точно пратеници убедиле, и ако навистина е така, зошто уставните амандмани се уште не се најдоа во Собранието.

Министерот за надворшени ја искритикува изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој рече дека прекинува комуникација со Владата освен за организирање избори. А токму изборите барем како што тврдат дел од аналитичарите се единствениото решение за крај на политичката криза во Македонија, оти Македонија се почесто добива критики од меѓунарондата. Последна, многу директна и јасна порака, беше онаа од американската амбасадорка Агелер. Таа рече дека е разочарана особено од состојбите во судството –  Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија, порача Агелер.