Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

Општина Прилеп ја започна реализацијата на проектен Форум на заедниците во рамките на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“

Прилеп како еден од 10-те пилот-општини кои се дел од Програмата „Зајакнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп како еден од 10-те пилот-општини кои се дел од Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, до крајот на годинава ќе има можност да искористи од 40-50 илјади долари за реализација на еден или повеќе проекти кои според граѓаните се приоритетни за локалната заедница.

  • „Воведуваме еден нов концепт на одбирање на она што е најзначајно за граѓаните. На Седницата која што следи во наредната недела ќе биде направена измена на Статутот на општина Прилеп за тоа како да се трошат во иднина јавните пари. Сега ова е само пилот-програма за средствата кои што се одобрени од УНДП, да видиме што размислуваат нашите сограѓани, во која насока треба да се трошат нивните средства. Оваа донација ќе ја искористиме онака како што овој состав, Форумот во заедницата на општина Прилеп, ќе одлучи“ – истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на општина Прилеп.
  • „Целта на ваквото презентирање е граѓаните, со нивните идеи на кој проект би му дале приоритет, се’ со цел да се реализира за поквалитетен живот во нашата општина“, – кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Овој форумски процес се финансира со поддршка од швајцарската Влада, УНДП и МЛС, а со 20 проценти го кофинансира и самата општина Прилеп. На оваа прва форумската сесија беа утврдени темите на кои ќе се конкретизираат приоритетните проекти, а тоа се: образование, млади и спорт и животна средина.

  • „На оваа сесија ќе работиме на дефинирање на проблеми и предлагање на решенија, а во наредните два месеци ќе имаме уште неколку сесии на кои што ќе се разработат тие предлог-проекти и на четвртата сесија ќе се направи избор каде што граѓаните ќе изберат кој проект сакаат тие да се спроведе во рамки на грантовата шема која што е дадена од донаторот“, – рече Владимир Величковски, модератор на Форумот на заедницата.

На крајот од годината ќе има и петта, завршна форумска сесија кога треба да бидат презентирани резултатите. Во минатото, благодарение на овој Форум на заедниците, во Прилеп беа реализирани два значајни проекти: целосна рехабилитација на Паркот на револицијата и изградба на Амфитеатарот во средновековен Варош.

Реклама

Каролина Дурло