Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад.

Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“.

– Општина Касандра ги известува граѓаните и посетителите дека чадори, лежалки или друга придружна опрема кои се поставени или заклучени на јавен простор на крајбрежје – плажа без законско право, го ограничуваат слободното користење на просторот од страна на јавноста. Согласно одредбите од Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите, сопствениците се повикуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето, да ги отстранат предметите, соопштија од општината.

Реклама

Објаснија дека по истекот на наведениот рок, Општина Касандра може да пристапи кон отстранување и собирање на предметите, со цел повторно воспоставување на слободното користење на јавниот простор, без дополнително известување.

– Предметите што ќе бидат отстранети ќе се сметаат за напуштени на јавен простор и ќе се третираат како отпад, согласно важечкото законодавство и правилникот за чистота на Општината. Истите нема да се чуваат и нема да бидат вратени на нивните сопственици, појаснија од општината во нивното известување на македонски јазик.

Минатата година, во текот на летната сезона, општина Касандра спроведе неколку најавени, но и ненајавени акции на различни локации на првиот крак на Халкидики за отстранувањето на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите.