Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Општина Делчево распиша конкурс за доделување на општинската награда за 2026 година  

Општина Делчево распиша конкурс за доделување на општинската награда за 2026 година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево распиша конкурс за доделување на општинската награда за 2026 година. Конкурсот како што информираа од Општината се објавува врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија, а одлуката е донесена од Комисијата за доделување на награди и признанија на седница одржана на 7 јули 2026 година.

Како што информираат од Општината, наградата се доделува по повод празникот на Делчево – 7 Септември, а претставува највисоко општинско признание за поединци и правни субјекти кои со својата работа и резултати придонеле за развојот и афирмацијата на општината.

-Право на добивање на наградата имаат физички и правни лица од Делчево и од државата, кои оствариле значајни достигнувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, образованието, здравството, социјалната заштита, спортот, како и во заштитата на животната средина и други области од јавен интерес, информираа од Општина Делчево.

Реклама

Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, додека за правните лица се доделува плакета.

Предлози за кандидати можат да доставуваат правни и физички лица од подрачјето на Општина Делчево, при што предлозите треба да бидат образложени и потпишани, а за поединци да содржат и кратка биографија.

-Конкурсот трае заклучно 7 август 2026 година. Предлозите се доставуваат до архивата на Општина Делчево, со назнака „Предлог кандидат за доделување општинска награда“, подвлекоа од Општината.

Оттаму апелираат до сите заинтересирани навремено да поднесат предлози и да придонесат во изборот на најзаслужните граѓани и организации.