Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Општина Виница: Граѓаните да ја искористат законската можност околу продолжениот рок за легализација на бесправно изградените објекти

Општина Виница ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Виница ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изградени објекти до надлежните служби, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за комплетирање на документацијата и завршување на постапката.

-Иако рокот за постапување согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти е продолжен за уште 5 години, односно заклучно до 3 март 2031 година, сите засегнати лица се повикуваат навремено да се обратат во Општина Виница – Сектор за нормативно-правни и општи работи, каде ќе можат да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација, наведено е во соопштувањето на локалната самоуправа.

Доколку барањата не бидат навремено дополнети со потребната документација, нагласуваат од Општината во соопштувањето, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби.