Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

ОН остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација

Министерот за правда, Јетон Шасивари денеска оствари средба со постојаната координаторка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Јетон Шасивари денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS, на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот.

Како што информира Министерството за правда, посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, развојот на институционалните капацитети и дигитализацијата на правосудството, како еден од клучните предуслови за побрзи, поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните.

Во рамки на идната соработка беа утврдени натамошни активности насочени кон понатамошна модернизација на правосудниот систем, со посебен акцент на надградбата на АКМИС системот, воспоставувањето систем за електронска достава во судските постапки, унапредувањето на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрувањето на интероперабилноста меѓу институциите, како и зајакнувањето на сајбер-безбедноста во правосудниот сектор.

Реклама

-Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава. Партнерството со Обединетите нации има значајна улога во спроведувањето на реформите и во усогласувањето на домашното законодавство и институционалните практики со европските и меѓународните стандарди, со цел создавање модерен, ефикасен и достапен правосуден систем за граѓаните, наведува Министерството.