Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Прилози

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Сламка за спас на сопстевната позиција или вистински обид за консолидација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сламка за спас на сопстевната позиција или вистински обид за консолидација на целосно загубената СДСМ – назначувањето на Горан Герасимовски за потретседател ја отвори дилемата дали со ова актуелниот лидер Филипче само сака да покаже некакво единство за да си ја зачува фотељата или пак, згреши зошто многумина го гледаат актуелниот градоначалник на центар како негов наследник.

-Герасимовски беше некаква конкуренција за Филипче во минатото, имаше еден од најдобрите резултати, еден од ретките добри резултати на локалните избори и со случувања со новата платформа, мислам дека повеќе Филипче сака да прати порака, на некаква консолидација на партијата, која е контра потег на ова што му се случува во јавноста. Во таа насока би ги толкувал овие потези, мислам дека ќе видевме други симптоми доколку тој планираше да се повлече, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Овој потег во СДСМ доаѓа во период кога Филипче и неговите најблиски влегуваат во отворени конфликти со луѓе кои ја критикуваат нивната работа, како партиски членови, така и со новинари и аналитичари. Според Арсовски погрешно е што реториката на партијата е таква и секоја дебата нбата треба да се води внатре во партијата.

Реклама

-Мојата работа не е да коментирам или да полемизирам со партиите, гледам да не бидам политички актер во таа смисла. Но секако постојат тензии кои ќе му направат проблем на СДСМ понатака, мислам дека таа партија, таа дебата секако треба да се води помеѓу нивните членови и ќе видиме како ќе излезе, во моментот изгледа дека тоа ќе ескалира, изјави Арсовски.

Инаку, аналитичарот Арсовски е меѓу последните со кои СДСМ влезе во конфронтација. Меѓу оние кои директно му пречат на раководството се и поранешната министерка за одбрана и актуелен пратеник Славјанка Петровска, Андреј Петров, Игор Ивановски и други кои учествуваа во платформата „Разговори за иднина“, преку која се бараат партиски реформи. Таа е само една во низата со кои партијата влезе во конфликт поради јавна критика за Филипче. Кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Иницирано исклучување има и за повеќе членови како Петре Шилегов и Јован Деспотовски.

Матеја Петровски,