Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Охрид доби уште една шанса, природното богатство останува под заштита на УНЕСКО.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид доби уште една шанса, природното богатство останува под заштита на УНЕСКО. Но од Бусан, во Кореја, испратија порака дека часовникот продолжува да отчукува, а државата има рок од пет години да ја подобри состојбата. Владата ова го оценува како голем дипломатски успех и уверуваат дека ситуацијата ќе се подобри – дивоградбите да бидат отстранети, а надлежните да ги извршуваат соодветно обврските.

„Одлуката на УНЕСКО е потврда на нашата посветеност, но и поттик за уште поинтензивна работа во периодот што следи. Ги прифаќаме препораките за заштита и одржлив развој на регионот и со дипломатскиот ангажман обезбедивме дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година“– вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Надлежните посочуваат дека особено внимание треба да се обрне на урбанистичкото планирање и заштита на животната средина. Македонија како партнер со Албанија, има обврска да подготви временски ограничена рамка за спроведување на планот за рехабилитација.

Реклама

Денешната одлука е значаен исчекор но не и крај на процесот. Заедно со Албанија треба да подготвмие временски ограничена рамка за спроведување на стратегискиот план до 2030тата година. До 1 јануари 2027 година треба да биде доставен нов извештај за постигнатиот напредок. Кај нив има разбирање дека статусот на УНЕСКО не треба да наштети на развојот на туризмот.“– вели Муцунски.

Меѓу проблемите што и натаму го загрозуваат регионот се нерешеното урбанистичко планирање, бесправното градење, континуираниот притисок од нови градби и бавното решавање на отпадот и отпадните води. Според оцената на Комитетот, нивното влијание предизвикува сериозно нарушување на исклучителната вредност поради која регионот е под заштита. Претходно, претседателот на владата оцени дека актуелната состојба е резултат на проблеми наследени со децении и дека за две години не може да се поправи она што, според него, било уништувано повеќе од три децении.

Регионот има статус на светско наследство на УНЕСКО од 1979 година и се смета за едно од највредните природни и културни богатства во Европа.