Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Одбележување 22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување

Денот на Единицата за брзо распоредување – 23 Август денеска ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на Единицата за брзо распоредување – 23 Август денеска ќе биде одбележан на две локации, во Куманово и во Скопје.

Во кругот на СВР Куманово во 09:30 часот ќе биде откриено спомен обележје на 8-те загинати припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичката групација во кумановско „Диво Насеље“, а во одбрана на Куманово и татковината.

Како што информира МВР, од 09. 30 до 12.

Реклама

30 на Градски парк кај автобуската станица граѓаните и најмладите ќе имаат можност да се дружат со припадниците на македонската полиција, каде ќе биде изложена и опрема на ЕБР според концептот „МВР за граѓаните“.

Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19:00 часот.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на Вице Столевски, командант на Единицата за брзо распоредување.

 Во Скопје, во базата во Ѓорче Петров ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР.

 – Ве повикуваме да дојдете заеднички да го прославиме Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Ние го продолжуваме веќе поставениот концепт „МВР за граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР