Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Измените на изборниот законик остануваат блокирани. Нема решение и по последната средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на изборниот законик остануваат блокирани. Нема решение и по последната средба меѓу координаторите на паралемнтарните пратнички групи во Собранието. Сите остануваат на своите ровоски позиции. ВМРО-ДПМНЕ прифаќа се, но црвената линија е гласањето на иселениците. Велат џабе преговараме – сдсм и левица прво нека се договорат што сакаат па потоа нека дадат свој предлог за да постигнеме консензус.

„Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори“, изјави Бојан Стојаноски.

СДСМ по средбата молчи. Иако деновиве ги повторуваа своите ставови дека тие не се против гласањето на иселениците, туку имаат проблем со налчинот на кој би гласале, по денешната координација не соопштија дали имало напредок или не. Левица пак се пазари – откако власта им го прифати барањето и помалите партии да добиваат повеќе пари за изборите, сега со нов услов – би прифатиле гласање на дисјапората но под услов македонија да биде една изборна единица.

Реклама

„На маса го ставивме предлогот за една изборна единица, предлог кој е најприфатлив за граѓаните на Македонија“, изјави Борис Крмов од Левица.

Лидерот на Албанска лига, Зијадин Села, пак со сосема спротивно барање – не една, туку македониај да има дури 8 изборни единици.

„Нашиот став е јасен одамна, уште пред изборите, ние сметаме дека се потребни осум изборни единици“.

Од ДУИ велат дека преговорите не пропаднале по вина на сите, туку поради, како што рече таа, повлекувањето на одредени политички партии од ставовите за кои претходно бил постигнат договор.