Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Железничко поврзување со Албанија и меѓуградски воз со кои ќе се поврзат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничко поврзување со Албанија и меѓуградски воз со кои ќе се поврзат градовите во западниот дел на Македонија. Владата амбициозно разработува стратегија со која планира да ја развие железницата во овој регион, со цел да им го олесни транспортот на граѓаните. Заедно со Европската Унија, во рамките на планот за раст, интезивно се работи на проектот кој ќе се гради во три фази. Во првата фаза се планира железничко поврзување на Скопје, Тетово и Гостивар. Во втората фаза се планира пругата да продолжи кон Кичево, а за третата фаза кон Охрид, Струга и Албанија. Целта, како што посочи министерот за транспорт Николоски, е развој на модерен меѓуградски железнички сообраќај што ќе го намали метежот и загадувањето на воздухот и ќе овозможи побрз превоз на патници. Веќе од следната година се очекува да започнат првите конкретни активности на терен, како продолжение на проектот „Градски воз“ во Скопје.

„Мојата идеја е еден вид сон да направиме меѓуградски возови…. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе в година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центарот на Тетово до центарот на Скопје со едно пријатно возење“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Паралалено со изградбата на железничка пруга со Албанија, се работи и на автопатско поврзување со Косово. Градежниот факултет работи на основниот проект за патот од Тетово до Призрен и сите детали и информации во врска со тунелот, кој треба да биде најдолгиот во Македонија се доставени до надлежните од косовска страна. Во меѓувреме интензивно се на автопатот Тетово – Гостивар. Догодина треба да бидат готови првите километри.

Реклама

Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат што го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со експропријацијата, сега се решаваат работите што се поврзани со дислокација на водови. Исто така, не сакаме да го отсечеме населението од едната или другата страна на автопатот и затоа паралелно се работат натпатниците, односно мостовите и, дополку продолжиме со оваа динамика, веќе в година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Инаку Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за грант и заем и за изградба на автопатот Скопје Блаце. Проектот е вреден 198,4 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од Европската Унија, а 167,6 милиони евра се кредит од ЕБОР. Изградбата на патот која треба да ја подобри пповрзаноста со Косово треба да започне во автгуст, а рокот за реализација е четири години.