Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Неготински „Комуналец“ работи на проблеми со водата за пиење, можни ноќни рестрикции

Јавното претпријатие „Комуналец“ – Неготино информира дека поради нарушен и нерамномерен дотур…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Комуналец“ – Неготино информира дека поради нарушен и нерамномерен дотур на вода од регионалниот водовод Лукар се јавуваат проблеми со полнењето на резервоарите за ниската и високата зона во градот.

Од претпријатието соопштуваат дека, и покрај напорите за одржување на стабилно водоснабдување, во наредните денови се можни ноќни рестрикции на водата, сè до нормализирање на дотурот од регионалниот водовод.

-Иако правиме сè што е во наш домен, поради намалениот дотур од водоводот Лукар, можни се ноќни рестрикции на водоснабдувањето. Се надеваме дека во најкраток можен период состојбата ќе се нормализира- наведуваат од ЈП „Комуналец“.

Реклама

Од претпријатието апелираат до граѓаните рационално да ја користат водата во периодот додека траат проблемите со снабдувањето.