Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

На летната сцена во Крива Паланка вечерва концерт на Елена Андоновска „Од Македонија во туѓина“ посветен на Васка Илиева

Вечерва на програмата на „Кривопаланечко културно лето“ познатата македонска етно-фолк пејачка, Елена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерва на програмата на „Кривопаланечко културно лето“ познатата македонска етно-фолк пејачка, Елена Андоновска, ќе одржи солистички концерт насловен „Од Македонија во туѓина“, посветен на доајенот на македонската народна песна, Васка Илиева.Концертот е закажан за 20 часот и 30 минути, а од општината ги покануваат сите граѓани да уживаат во настанот со кој македонската народна песна повторно ќе заживее во својот најавтентичен сјај. 

-Вечерва граѓаните на Крива Паланка и сите посетители имаат можност да уживаат во настапот на познатата македонска етно-фолк пејачка Елена Андоновска,која ќе го одржи својот солистички концерт „Од Македонија во туѓина“, музички спектакл посветен на доајенот на македонската народна песна, Васка Илиева. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно осмислена концертна програма, во која Андоновска ќе ги изведе најубавите, најемотивните и најпознатите песни од богатиот репертоар на Васка Илиева. Секоја композиција ќе биде потсетник на богатото македонско музичко наследство и на вредностите што со генерации се пренесуваат преку народната песна. Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на македонската народна музика да бидат дел од овој уникатен музички настан и заедно да ѝ оддадат почит на легендата чие творештво претставува едно од најголемите богатства на македонската музичка традиција – наведуваат од Општината.

Оттаму нагласуваат дека концертот „Од Македонија во туѓина“ не е само музичка вечер, туку проект со силна културна и национална порака: да се зачува, негува и афирмира македонската традиција, да се оддаде заслужена почит на една од најголемите музички легенди и да се поттикнат новите генерации да ја продолжат љубовта кон народната песна.