Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

На врвот според инфлацијата, на дното според економскиот раст

Македонија е на врвот од земјите во регионот според стапката на инфалција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е на врвот од земјите во регионот според стапката на инфалција, а меѓу последните по проекциите за економски раст од светска банка.

Откако настапи економската и енергетската криза, Македонија речиси цело време го држи врвот по стапка на инфлација .  Статистика измери дека во мај има пад , но сеуште е двоцифрена на ниво од 11,3 % што е на врвот споредено со земјите од регионот кои досега ги имаат објавено податоците. Во мај пониска инфлација имаат Словенија, Хрватска, Албанија , а најниска стапка е измерена во Грција од 2,8 отсто. Дел од земјите уште не ги имаат објавено податоците, но ако го погледнеме движењето во април , полоши од нас се само во Србија, а најниска инфлација во април имало во Косово и во Грција.

Властите се обидуваа да ја зауздаат инфлацијата цело време со мерки одмрзни – замрзни. Пред нецел месец одлучија дека сега било времето да престанат да важат смрзнатите цени и да се ослободи пазарот, ама ако било потребно во иднина повторно ќе реагирале .

Реклама

Од друга страна продолжуваат песимистички прогнози на меѓународните финансиски институции за напредокот на македонската економија. Светска Банка проектира раст од 2,4 % , ова е намалување на проекцијата во однос на јуни лани кога беше 3,1 % па имаше уште едно намалување 2,7 % по што на стартот на годината во јануари прогнозираа раст од 2,4 % што е еднакво на сегашната проекција.   Најоптимистички се проекциите за Косово и Црна Гора .  Најниски се проецкиите за Бугарија

Економски раст 2023

Косово 3,7%

Црна Гора 3,4%

Албанија 2,8%

Босна и Херцеговина 2,5%

Србија 2,3%,

Хрварска 1,9%

Бугарија 1,5%

Извор : Светска банка

Проекциите на  Народната банка на македонија  се попемистички и се движат на ниво од 2,1 % .  Народната банка, очекува стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок  и постепено забавување на инфлацијата, што било и тема на разговор со ММФ и гувернерката на Народна банка Анита Бежоска Ангеловска.

Кристина Алексиеска