Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Национален парк Шар Планина одбележа пет години од основањето

Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека денес со свечен настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека денес со свечен настан во месноста Лешница е одбележан петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк. Од Установата велат дека прогласувањето е историски чин со кој последното парче од сложувалката беше поставено и Балканот го доби едно од своите најголеми прекугранични заштитени подрачја, со површина од речиси 240.000 хектари поврзана природа што ја споделуваат Македонија, Косово и Албанија.

Националниот парк Шар Планина денес управува со речиси целиот шарпланински масив, од Јажинце до Дуф, подрачје кое претставува дом на исклучителен биодиверзитет, бројни глацијални езера, планински пасишта, шуми и десетици населени места кои со векови живеат во склад со природата.

По повод јубилејот беше организирана планинарска тура од Бозовце до Лешница, при што посетителите имаа можност непосредно да ги доживеат природните убавини на Шар Планина, а преку презентациите на чуварите на заштитеното подрачје и волонтерите водичи да се запознаат со богатството на биодиверзитетот, природните вредности и активностите што институцијата ги спроведува.

Реклама

-Нашата цел не е само да ја зачуваме природата, туку Националниот парк да биде двигател на локалниот економски развој, нови можности за младите и една од најпрепознатливите природни туристички дестинации во Европа – истакнал директорот на Јавната установа Национален парк Шар Планина, Евзал Елмази, соопштуваат од установата додавајќи дека дека визијата на институцијата е многу поширока од самата заштита на природата.

Во изминатите пет години институцијата постепено ја изгради својата организациска и стручна структура и денес е речиси целосно оперативна. Поставени се темелите на современ систем за мониторинг на клучните видови и живеалишта, воспоставена е редовна соработка со Националниот парк Маврово и Националниот парк Шари од Косово за заедничко следење на дивите животни, а прекуграничната размена на податоци и искуства овозможува подобра заштита на видовите кои природно мигрираат низ целиот шарпланински масив.

Еден од најзначајните резултати е и регистрацијата на првиот рис од страна на институцијата токму во Лешничката Долина, како потврда дека ова подрачје и понатаму претставува сигурно засолниште за едни од најретките и најзначајните диви животни на Балканот.

Покрај директната заштита на природата, Националниот парк значително ги засили активностите во областа на едукацијата. Во изминатиот период беа реализирани бројни едукативни програми со ученици од повеќе општини, со што беа поставени темелите на долгорочна програма за подигање на јавната свест за значењето на природното наследство.

Истовремено, институцијата воспостави силна соработка со општините, локалните заедници, планинарските клубови, граѓанските организации и волонтерите. Заеднички беа реализирани бројни акции за чистење на отпад, уредување на туристичката инфраструктура, обележување на патеки, поставување информативни табли и промоција на одговорно користење на природата.

Националниот парк Шар Планина континуирано работи и на создавање услови за одржлив туризам и локален економски развој, преку поддршка на локалните производители, даватели на туристички услуги и промоција на традиционалните вредности на регионот. Целта е придобивките од заштитата на природата директно да ги почувствуваат и луѓето кои живеат на Шар Планина.

Во рамките на свеченоста беше изразена искрена благодарност до Владата на Република Северна Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, локалните самоуправи, меѓународните донатори, партнерските организации, научната заедница, волонтерите и бројните поединци кои во изминатите пет години придонесоа кон развојот на институцијата.

Иако Националниот парк Шар Планина е една од најмладите институции од ваков вид во државата, неговата амбиција останува јасна – преку современо управување, научно заснована заштита, партнерство со локалните заедници и развој на одржлив туризам, Шар Планина да стане една од најпрепознатливите и најпосетени природни дестинации во Европа.

Пет години претставуваат само почеток. Пред институцијата претстојат нови предизвици, но и нови можности да продолжи да го штити ова непроценливо природно богатство за идните генерации.