Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Македонија кон платформата клонот на ТИПС – соопшти Народната банка.

Како што наведуваат, во своето обраќање, претседателката Лагард посочила дека по успешното приклучување на Босна и Херцеговина и Црна Гора, се очекува дека и нашата земја ќе се приклучи кон платформата во ноември, заедно со Албанија и Косово, со што иницијативата за брзи плаќања ќе ги опфати сите земји учеснички од Западен Балкан.

Од Народна банка посочуваат дека фактот што претседателката на ЕЦБ го издвоила овој проект и јавно го потврдила очекуваното приклучување на нашата земја претставува значајна потврда за важноста на активностите што ги спроведува Народната банка за модернизација на домашната платежна инфраструктура и за нејзино усогласување со европските стандарди.

Реклама

-Со приклучувањето кон клонот на ТИПС, Македонија ќе стане дел од современата инфраструктура за инстант плаќања заснована на технологијата на европскиот систем ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement). Проектот ќе овозможи побрзи, посигурни и поефикасни плаќања во денари и евра за граѓаните и за компаниите и ќе претставува важен чекор во понатамошната интеграција на домашниот платен систем со европските платежни инфраструктури – се наведиува во соопштението на Народна банка.