Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

Надзорна расправа за примената на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик 

Комисија за култура и туризам, во рамките на 18. седница, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисија за култура и туризам, во рамките на 18. седница, денеска во Собранието треба да одржи надзорната расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“.

На надзорната расправа, како што е најавено, поканети се министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Здружението на лекторите на Македонија, Елизабета Бандиловска, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар” и експерт за заштита на македонскиот јазик Александар Јорданоски, деканката на Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ – Штип Луси Караниколова-Чочоровска, вонреден професор на Студиска програма за македонски јазик и литература, Универзитет во Тетово Михајло Марковиќ и претседателка на Комисијата за култура и туризам Саранда Имери Стафаи.

Воведно и завршно обраќање ќе има претседателка на Комисијата за култура и туризам, Саранда Имери-Стафаи.

Реклама

Во текот на надзорната расправа, членовите на матичното работно тело и пратеници кои не се членови на матичното работно тело можат да поставуваат прашања до овластените претставници. 

Работното тело до Собранието доставува извештај за одржаната надзорна расправа во кој е внесена суштината на излагањата, а може да предложи и заклучоци кои се доставуваат и до Владата.