Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс – обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементирани усвоените амандмани, со кои се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Дополнетиот Предлог ребаланс со вградените амандмани по расправата во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието и предложените измени ќе биде доставен во Собранието на усвојување.

Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари, а вкупните расходи на ниво од 425,8 милијарди денари, при што, како што велат од МФ, дополнителните средства се насочени кон јасно утврдени приоритети.

Реклама

– Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и  за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги, велат од МФ.

Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП, а економскиот раст е проектиран на ниво од 3,5%.