Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот

Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции – Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. 

– Тоа се прашања што постојано се разгледуваат во контекст на НАТО, ние, ќе повторам – сме НАТО-земја членка, така што нашата безбедност е опфатена во рамките на таа колективна безбедносна организација. ​Секако, постојано на дневно ниво се анализираат ризиците што доаѓаат. Во согласност со последните информации што со мене се споделени како министер за надворешни работи од страна на двете клучни безбедносни институции, а тоа се Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, некоја конкретна информација за закана кон нашата држава од таква природа нема – рече Муцунски во одговор на новинарско прашање дали Македонија има некакви закани поради нејзиното членство во НАТО и поддршката на американските операции во Заливот.

Но, како што рече министерот Муцунски, затоа се тука безбедносните институции, кои, како што нагласи, одлично соработуваат и споделуваат информации со сите наши партнерски служби во случај и да има некоја закана, да се најде соодветен начин и таа да се превенира.