Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Муцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор, но процесот мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности

Владата останува целосно посветена на европската интеграција, но процесот на проширување мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата останува целосно посветена на европската интеграција, но процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во гостувањето во емисија на една од националните телевизии, Муцунски се осврна на процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи дека објективната реалност е дека државата по прашањето на отворањето на преговорите не стои во место четири, туку петнаесет години, потсетувајќи дека Европската комисија уште во 2011 година оценила дека државата ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори.

-Нашата цел не е само да ги отпочнеме преговорите, туку тие да бидат успешни и во разумен рок да завршат со полноправно членство. Затоа сме должни да спречиме создавање нови пречки и нови билатерални условувања уште на самиот почеток на процесот- истакна Муцунски.

Реклама

Тој нагласи дека отворањето на преговорите не зависи само од уставните измени, туку и од исполнување на сите предуслови, вклучително и усвојувањето на Акцискиот план за малцинства, оценувајќи дека во јавноста често погрешно се создава впечаток дека станува збор само за едно прашање.

Во однос на економските придобивки, министерот посочи дека земјите кои веќе преговараат со Европската Унија во моментов немаат пристап до дополнителни европски фондови во однос на земјите кои сè уште не ги започнале преговорите. Како што нагласи, Планот за раст е достапен за сите шест држави од Западен Балкан, а клучното прашање не е формалниот статус на преговорите, туку капацитетот и успешноста во спроведувањето на реформите и искористувањето на расположливите средства.

Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски истакна дека Владата во изминатиот период значително ја засилила динамиката на спроведување на реформите поврзани со европската интеграција, особено преку исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Планот за раст.

Тој оцени дека ниту една држава не може да тврди дека реформскиот процес е завршен, но дека извештаите на европските институции покажуваат напредок во повеќе клучни области, меѓу кои реформата на јавната администрација, владеењето на правото, енергетиката и образованието.

-Средствата што државата ги добива преку Планот за раст се најдобра потврда дека реформите се препознаени. Тие средства се условени со исполнување на конкретни реформски чекори и не би биле ставени на располагање доколку тие резултати изостануваа- нагласи Муцунски.

Во делот на надворешната политика, министерот посочи дека ова останува највисоко оценетата област во извештаите на Европската комисија, што, според него, претставува признание за јасната стратешка ориентација на државата.

Тој потсети дека државата останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, оценувајќи дека оваа усогласеност не претставува само формално исполнување на обврските, туку јасен израз на припадност кон европските вредности.

-Нашата усогласеност со европската надворешна политика не се сведува само на санкции или рестриктивни мерки. Таа претставува определба за заеднички вредности, заедничка безбедност и јасна геополитичка ориентација- истакна Муцунски.