Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Муцунски: Доследни сме на партнерството со САД, целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и НАТО

Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот. 

Министерот нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба: силното партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и активното членство во НАТО Алијансата.

– Тоа се столбови на стабилност, безбедност и предвидливост. Тоа се столбови на држава која знае каде припаѓа и знае каде сака да оди – рече Муцунски.

Реклама

Во делот на европската интеграција, министерот ја потврди цврстата посветеност на Владата на реформите и европскиот пат, потсетувајќи на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, како и на добивањето на предфинансирањето од Планот за раст за Западен Балкан.

– Европската комисија неодамна стави на располагање 65,7 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот. Со тоа вкупниот износ на средства ставени на располагање за нашата држава во рамки на Планот за раст достигна 142,1 милиони евра. Тоа не е симболика. Тоа е конкретна доверба преточена во конкретна поддршка – истакна Муцунски.

Говорејќи за односите со стратешките партнери, министерот нагласи дека државата била првата европска земја која одржала сесија на стратешкиот дијалог со новата администрација на Соединетите Американски Држави, со што дополнително биле продлабочени билатералните односи и стратешкото партнерство. Тој потсети и на склучените договори за стратешка соработка со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, како и на потпишаниот Меморандум за соработка со Обединетите Арапски Емирати.

Во однос на мултилатералната дипломатија, министерот посочувајќи ги членството во Советот за човекови права на Обединетите Нации, членството во ECOSOC, реизборот во Извршниот совет на OPCW и затворањето на постмониторинг-процедурата во Советот на Европа.

Муцунски рече дека надворешната политика мора да биде простор на национално единство и долгорочен државен интерес.

– Можеме да се разликуваме во партиските погледи и да дебатираме за политики и пристапи. Но кога станува збор за достоинството, безбедноста и иднината на државата, мора да знаеме дека постојат прашања кои се поголеми од секоја влада и од секој политички циклус. Нашата задача е јасна: да градиме држава која е почитувана, безбедна, економски поврзана и европски интегрирана – порача министерот Муцунски. 

Во изминатите две години биле реализирани повеќе од 110 работни посети во странство, повеќе од 400 средби и состаноци, од кои над 210 билатерални средби со државници, министри и високи претставници од целиот свет, додека државата била домаќин на повеќе од 40 европски и светски лидери и високи претставници. 

Одговарајќи на новинарски прашања министерот рече дека во моментов 12 испразнаети амбасадорски места се во постапка на пополнување, а за 16 трае фазата на консултации за нивно пополнување. За Софија има определено кандидат од редот на професионалните дипломати во МНРиНТ. 

Во македонското МНР вчера бил повикан бугарскиот амбасадор од кого било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Истовремено за случајот се информирани и претставници на нашите стратешки партнери и НАТО, информираше Муцунски изразувајќи сериозна загриженост за ваквите постапки во соседна Бугарија. 

Повтори дека ставот на Бугарија е дека уставните измени и Акцискиот план не се единствени прашања од билатерална природа коишто тие ги толкуваат како европски прашања. – И токму тука лежи она за кое ние подолг период зборуваме, но токму тука лежи и она прашање за кое ние активно секојдневно работиме да најдеме решение за истото, бидејќи од една страна ние кажуваме не сме подготвени за вакви услови – да се движиме по пат којшто е непредвидлив и има ризик… И да се усвојат уставни измени и Акциски план, хипоптетички, во рок од две недели повторно да се соочиме со иста ситуација – рече Муцунски. Потенцира дека Владата вложува максимален напор да изнајде достоинствено решение кое ќе трасира јасен и предвидлив пат на нашиот кон полноправно членство и силно работи на рефорсмката агенда.