Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Муцунски во Катар: Се разгледуваат можностите за авиолинија Скопје – Доха и за соработка во одбранбената индустрија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски официјалната посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби, со извршните директори на „Катар ервејс“ (Qatar Airways) и „Барзан холдингс“ (Barzan Holdings).

На средбата со раководството на „Катар ервејс“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха, соопшти МНРиНТ.

Соговорниците се согласија дека подобрата авиоповрзаност ќе придонесе за развојот на туризмот, трговската размена, бизнис-контактите и мобилноста на граѓаните, како и за дополнително унапредување на економската и културната соработка меѓу двете земји.

Реклама

На средбата со „Барзан холдингс“ беа разгледани можностите за соработка во областа на одбранбената индустрија и безбедносните технологии, како и за размена на искуства во развојот на одбранбените капацитети, модернизацијата и зајакнувањето на институционалната отпорност. 

Посетата на Муцунски на Катар е во рамките на напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка.