Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Мобилниот телефон станува новиот паричник на македонците. Наместо во готовина и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилниот телефон станува новиот паричник на македонците. Наместо во готовина и со платежни картички, граѓаните се почесто плаќаат со дигиталните паричници на телефоните.

Најголем број од платежните трансакции во првиот квартал од 2026, или 73 проценти, според податоците на Народна Банка, се извршени преку мобилни апликации, што е доказ дека тој преовладува како најбрзо и наједноставно платежно средство кај граѓаните.

Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со мобилен телефон во земјава, што укажува на постојано зголемување на користењето на мобилните плаќања и промена на навиките на граѓаните во полза на користењето на придобивките од дигитализацијата. -се вели во соопштението на Народна Банка.

Реклама

Најновите податоци на Народна банка за првите три месеци од 2026 година покажуваат двоцифрен раст на вкупните електронски плаќања и по бројот на трансакции и по нивната вредност.

Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет  (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). – покажуваат податоците на Народна Банка.

Електронските плаќања и платежните картички заземаат се познајачно место во секојдневните платежни навики на граѓаните, покажува Платежната статистика на Народна Банка. Овие растечки трендови се дополнително стимулирани и од дигиталните решенија што ги воведуваат банките.