Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Многу ветувања – проблематична реализација, Арсовска на средина на мандатот

Амбициозна програма – повеќе од скромна реализација – Што сработи скопската мајка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбициозна програма – повеќе од скромна реализација – Што сработи скопската мајка на речиси половина поминат мандат?  Данела Арсовска убедливо победи на изборите со силните планови „За модерно Скопје“ па поддршката ја доби и од опозицијата и од граѓаните. Но брзо и ја изгуби, бидејќи многу од ветувања, останаа неисполнети. .

  • „Се обрврзувам дека ќе обезбедам бесплатен автобуски превоз. Сообраќајниот хаос ќе биде минато“ рече Данела на 28.09.2021.

Бесплатен автобуски превоз беше еден од клучните проекти во програмата 15 +1, но досега нема никаква најава за негово спроведување. И не само тоа, туку во прашање се доведува и постоечкиот, затоа што приватните превозници не возеа половина година поради неисплатени долгови, а сега и возачите под капата на Град Скопје најавуваат штрајкови во ЈСП.

  • „250 нови еколошки автобуси за Скопје и скопјани“… рече Данела на 20.09.2021.

И од ова ветување досега нема ништо. Арсовска три пати се обидуваше да го задолжи градот за набавка на нови автобуси, но не доби поддршка од советниците.

Реклама

Од петте нови мега паркови кои ги ветуваше градоначалничката на Скопје,  се уште не е завршен ниту еден. Далеку од реализација се и петте нови булевари, а ги нема ниту зелените коридори на реката Лепенец и Серава кои што Арсовска исто така ги ветуваше пред изборите.

Се планираше и брзо опремување на централниот Луна парк во Градскиот парк со бројни забавни содржини и тоа до првата половина од мандатот. Досега ниту ова ветување не е е исполнето.   

  • „Скопје ќе биде европска метропола со сообраќаен ред, со брз ефикасен сообраќаен превоз, со  паркови, со културен живот.. рече Арсовска на 27.09.2021година.

Од ветувањето за богат културен живот скопјани не видоа ништо. Скандал го снајде МКЦ, запре  изградбата на Универзална сала.

Освен за своите, Арсовска се однесува идентитчно и со наследените проекти. И тие, или се закочени или се реализираат со брзина на желка.

По нивелираните шахти, само булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов виде финиш на новите асвалтирани скромни 500 метри, но и тоа не остана без критики,  поради лошо поставени столбови за велосипедските патеки.