Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Мицкоски: Очекуваме европската интеграција да остане процес втемелен на јасни критериуми и вредности, а не оптоварен со билатерални прашања

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ. Истовремено, очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што напомена Мицкоски, важно е да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и држави што биле кандидати.

– Нашата определба останува непромента – ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и  јасна предвидлива европска перспектива – истакна премиерот.

Реклама

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјата ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

-Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и натамошно зајакнување на партнерството со ЕУ, засновано на доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот. Денеска за нас е убав ден, зашто можевме да go слушнеме тоа што го зборуваме – дека работиме многу фокuсрано и посветено на реформите и како резултат на таа посветена работа како што до сега никој не ја напраил во минатото, ќе добиеме дополнителни средства што ги заслуживме. Ние ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро. Убеден сум дека Владата е вистински „фронтранер“ кога станува збор за испораката. За нас нема никаква друга опција во моментот, единствено членство во ЕУ и испорака на реформите, подвлече премиерот Мицкоски.