Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие остануваат на ставот за гласањето на дијаспората и дека ќе ги прифатат барањата на опозицијата за Изборниот законик и оти сега се фокусирани на постигнување елементарен договор со нив во Парламентот. 

– Проблемот е што ние немаме единствен став во рамките на опозицијата за да можеме да постигнеме елементарен договор кога станува збор за Изборниот законик бидејќи тој документ е основа за да имаме фер и демократски избори, со вклучени препораки од ОБСЕ/ОДИХР – рече Мицкоски. 

Мицкоски рече дека и предложиле на опозицијата во Парламентот да состави, да договори текст и да им го даде.

Реклама

– Велеа сакаме една изборна едница ние велиме прифаќаме бланко, договорете се прифаќаме една изборна единица. Тоа е прво, второ им требале повеќе средства за финансирање на кампањата еве и тоа им прифаќаме, нема проблем, ние ќе се откажеме од нашиот дел делумно и тоа ќе го префрлиме кај опозициските партии. Начинот на гласање, како тие ќе одлучат тоа ќе им го прифатиме – рече премиерот.  

Мицкоски кажа дека слуша разни информации и лаги и конструкции во јавноста од опозицијата, претежно од Левица кои, како што вели, како да сакаат да се оправдаат пред оние малкумина кои го давале гласот за нив затоа што учествувале во преговори и се договарале.

– И затоа што сега во суштина не изгледа Робеспијер, како што тие кажуваат, туку парите се проблем. Тоа е суштината – рече Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: