Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Tоп

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Владата со нови мерки за ублажување на ценовниот шок, откако нафтените деривати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата со нови мерки за ублажување на ценовниот шок, откако нафтените деривати почнаа пак да поскапуваат. Од понеделеник повторно ги враќа во сила мерките за намалување на акцизите кај дизелот и бензините. Овој потег доаѓа откако во два наврати за две седмици дизелот поскапе енормно за 8 денари по литар, а бензините за два и пол денари по литар.

„Мислам дека веќе се исполнети условите од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за безоловниот и за дизелот. Остануваме посветени на таа политика. Имаме убедливо најниска цена на горивото. Некој ќе рече „ама платите кај нас какви се, во Германија какви се“. Да, ама цената на горивата е од берза, од таму каде што купува Германија, купуваме и ние. Не купуваме ние од друго место, ние немаме во двор извор на нафта, па од тој извор на нафта да ги полниме резервоарите на нашите автомобили. ​Прашањето е зошто е таму двапати поскапо? Зошто во Албанија е 70 % поскапо? Зошто во Грција е речиси двапати поскапо? Зошто во Србија е 50 % поскапо? Тоа се политиките на оваа Влада во насока на подобар стандард за граѓаните“

Премиерот ги демантираше и обвинувањата на опозицијата дека граѓаните ги чека повисока цена на струјата. Вели лагите на СДСМ се постојани со години наназад, но економските факти тоа го негираат. Електричната енергија не само што не е поскапена во изминатите две години, туку премиерот вели дека се бараат начини таа да поевтини следната година.

Реклама

„Цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме. А во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, таа порасна за една третина, цената, зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи и компаративни резултати и бројки. По тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажна реторика“

Кризната состојба со нафтени деривати истекува на 20-ти јули. Мерките, пак, за одржување на ценовниот стандард на граѓаните ги поткопаа приходите во буџетот. Само од акцизите, загубите се мерат во 24,4 милиони евра. Сепак, премиерот во неколку наврати рече дека помош за населението ќе има и дека мерките придонеле граѓаните во Македонија да точат горива по најниски цени на Балканот.