Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Мицкоски од Делчево: Продолжува инвестицискиот циклус, во тек се 14 капитални проекти вредни околу 150 милиони денари

Во Општина Делчево во моментот се реализираат 14 капитални проекти, најголемиот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Делчево во моментот се реализираат 14 капитални проекти, најголемиот дел финансирани со средства обезбедени преку двата владини повици и унгарскиот кредит, при што вкупната вредност на инвестициите изнесува околу 150 милиони денари. Ова беше истакнато при денешната посета на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Иван Гоцевски изврши увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни зафати во градот.

Градоначалникот Гоцевски информираше дека биле посетени реконструираната Индустриска улица, улицата „Видо Смилевски-Бато“, кејот на реката Брегалница, како и проектот што се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија.

Тој нагласи дека Општината, покрај проектите што се реализираат со поддршка од Владата, работи и на нови локални инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкција на улици во повеќе населби и санација на оштетената патна инфраструктура.

Реклама

Осврнувајќи се на финансиската состојба на Општината, Гоцевски рече дека долгот е значително намален.

– Долгот, кој изнесуваше над 180 милиони денари, денес е намален на околу 35 милиони денари. Очекуваме со поддршка од Владата конечно да се реши и прашањето со деблокирањето на сметката на Општина Делчево, изјави Гоцевски.

Премиерот Мицкоски оцени дека Делчево е пример за интензивна реализација на инфраструктурни проекти и најави дека Владата ќе продолжи со финансиската поддршка за општините.

– Во Делчево се реализираат десетици проекти. Очекувам во овој мандат сметката на општината да биде деблокирана за да може нормално да функционира. Владата останува посветена на поддршка на општините, бидејќи преку нив директно се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Тој информираше и дека е распишан повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, што претставува прв чекор кон реализацијата на една од најзначајните инфраструктурни врски за источниот регион.

Според најавите, најголемиот дел од тековните инфраструктурни проекти во Делчево треба да бидат завршени до крајот на август.