Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

Мицкоски за случајот „Делчевски ниви”: Уште една клевета и лага на СДСМ е растурена, минстерката Петровска нема намера да му се извини

Од измеќарите и полтроните на СДСМ, речиси 6 години постојано сум предмет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од измеќарите и полтроните на СДСМ, речиси 6 години постојано сум предмет на клевета,поклониците на СДСМ Се обидуваат да го нарушат мојот углед и чест со тоа што континуирано објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мисат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена-порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за случајот Делчевски ниви.Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата во која беше опфатен и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Констатирале дека нема никакви докази за наводни кривични дела.

  • „И сведоци сме дека и ова октроирано обвинителство и судство, партизирано обвинителство и судство носи одлука за прекин на истрагата поврзана со овој случај. Затоа што откако ги сослушале исказите на лицата кои се осомничени, откако ги ислушале исказите на лицата кои се сведоци, откако ги прибавиле сите материјални докази кои се дел од оваа истрага донеле заклучок дека нема докази кои упатуваат на одобрено кривично дел. Дека не постои сторено кривично дело, а моето име, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија на било каков начин се дел од овој гнасен, монструозен и клеветнички чин кој заедно СДСМ се обиде преку октроираното обвинителство и судство да го конструира и објави на денот кога требаше оваа Влада на СДСМ и ДУИ да биде минато, а тоа беше 11 ноември 2021 година“,рече Мицкоски.

Обвинувањата пропагирани преку провладини медиуми беа дека парите од нивите во Делчево допираат до ВМРО-ДПМНЕ,иако обвинителството ја запре истрагата, министерката за одбара Петровска која прстот го впери во Мицковски за наводна негова вмешаност во случајот “Делчевски ниви”,нема намера да му се извини.

  • “Не, немам намера никому да се извинувам за тоа што сум го кажала,заради тоа што не мислам дека треба да се извинуваме за политички ставови и мислења,ова е демократска држава, а ако некого сум навредила да, меѓутоа до сега немам никого навредено”-рече Петровска.

Наскоро има уште еден таков случај со уште една политичка партија во улога на слуга и измеќар да ме клевети и тие ќе имаат простор да се извинуваат, посоча Мицковски.Тој апелира до опозицијата,оваа пракса на клеветење да престане.

Реклама

Новинар Росица Голабоска
Снимател, монтажа Златко Маневски