Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Мицкоски жестоко до Филипче: Луѓето ќе бидат среќни кога наместо во Дубаи на Харис Џиновиќ и на јахта во Паљури, ќе ве видат во затвор

Луѓето ќе бидат среќни и задоволни кога наместо на забави во Дубаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓето ќе бидат среќни и задоволни кога наместо на забави во Дубаи и јахти на Паљури, ќе ве видат во затвор, му порача премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, одговорајќи на пратеничко прашање. Од собраниската говорница првиот човек на социјалдемократите, коментирајќи ги двете години работа на Владата, реши да ги повтори веќе слушнатите пораки од партиската говорница, а една од нив е дека младите се иселувале. 

-Секој трет човек планира да ја напушти државата, не затоа што не ја сака Македонија, туку затоа што не гледа можност тука да живее и да напредува, порача Филипче.

-Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор, затоа што гледаат таму поранешни функционери како уживаат на јахти, а не се во затвор. Поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место, признавам дека сум виновен. Но, исто така еве ви ветувам, ви ветувам ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани и да гледаат слики како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ, му врати Мицкоски.  

Реклама

Иако и од Брисел ја прогласија Македонија за лидер во реформската агенда, според Филипче не било така, Владата го користела грејс периодот кој го имала од Европската Унија. Мицкоски порача дека Македонија работи на домашната задача, а на својот пат го има спорот со Бугарија, на која од голема помош и биле и политичарите од македонската опозиција.

-Имаме проблем и се обидуваме од петни жили да го решиме проблемот и покрај тоа што имаме квинсинлзи дома, кои што се обидуваат од внатре да ги нарушат позициите на оваа Влада. И кога тоа го гледа спротиставената страна, логично е да рече кога ги има оние квинслинзи таму кај нив, што има ние да се мачиме со нив, порача Мицкоски.

На седницата за пратенички прашања, премиерот Мицкоски истакна дека има информации оти соседна земја лобира кај Европската Унија за намалување на финансиската поддршка за Македонија, односно за скратување на европските фондови. Според него, ваквиот пристап би требало да ја забави земјата во нејзиниот развој и да ја доведе во тешка економска состојба, со цел да биде принудена да прави отстапки и да прифати одредени барања под притисок.

Премиерот е сигурен и дека повторно Македонија ќе биде прва и во јунското мерење на напредокот, односно дека државата има најголема испорака на реформи и чекори кои се дел од реформската агенда.

Матеја Петровски