Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мисајловски: Турција е долгогодишен пријател и значаен партнер на Македонија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати благодарност до амбасадорот на Република Турција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат.

-Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, унапредување на нашето сојузништво во НАТО и реализација на бројни иницијативи што придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и развој на одбранбените капацитети. Република Турција е наш долгогодишен пријател и значаен партнер, чија континуирана поддршка има особено значење за развојот и модернизацијата на македонската Армија – напиша Мисајловски на неговиот профил на Фејсбук.

Тој им посака многу успех во нивните идни професионални ангажмани и добро здравје, со уверување дека силните врски меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се зацврстуваат и во периодот што следи.

Реклама

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: