Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Мисајловски: Прилепската касарна доби нов хангар, продолжуваат инвестициите во армиската инфраструктура

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ доби нов хангар со површина од речиси 14.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ доби нов хангар со површина од речиси 14.000 метри квадратни за складирање и заштита на армиската опрема, со што се исполнети потребните стандарди за нејзино чување – информира министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета на касарната.

Мисајловски, кој беше придружуван од командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, изврши увид во новиот објект и посочи дека досегашниот настрешник не ги задоволувал потребите за заштита на опремата.

– Направивме хангар во кој ќе биде сместена опремата од разни видови. Стигнаа сите возила, сите страјкери и хаубиците, а со ваквите инвестиции опремата ќе биде целосно заштитена – изјави Мисајловски.

Реклама

Инвестицијата во новиот хангар изнесува 10,5 милиони денари. Министерот нагласи дека во тек е интензивен процес на подобрување на условите во сите армиски касарни, при што во разни проекти се вложуваат речиси 850 илјади евра. Досега, како што рече, се завршени повеќе од 20 проекти.

Според Мисајловски, постепено се подобруваат условите во Армијата.

Мисајловски информира и дека се работи на нов колективен договор за припадниците на Армијата, како и на законски решенија со кои ќе им се овозможи на војниците што навршуваат 45 години да останат во Министерството за одбрана и Армијата.

Тој најави и нови проекти, меѓу кои изградба на нов дом на АРМ и реконструкција на воениот хотел „Шар“ на Попова Шапка, како и продолжување на набавките на нова опрема и механизација.

Во однос на прашањето за повторно воведување задолжителен воен рок, министерот  Мисајловски рече дека темата останува отворена, но приоритет во моментот е постепеното подобрување на состојбите и капацитетите на Армијата.