Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мисајловски: Презентирана е опрема од околу 40 милиони евра од три пакети за модернизација на Армијата

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше презентиран дел од опремата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.

-Ова е првиот пакет на опрема што пристигна, зборуваме за пакет од околу 40 милиони евра и плус дополнителни два милиони евра за балканските медицински цели, истакна министерот Владо Мисајловски.

Имено, министерот упати благодарност кон амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас како и на целиот негов тим, на претставниците што се тука и на претставниците што се од Брисел.

Реклама

-Работиме секој еден ден за што повеќе опрема да добиеме, сакам да истакнам дека станува збор за целосен грант, директни средства од Европската Унија. Поради нашата заедничка европска безбедносна политика, поради нашиот однос заради она што помагаме во мисиите, зошто имаме постојана комуникација, сето ова е еден плод на соработката и се надевам дека ќе има уште многу вакви настани каде што ќе видите и доплнителна опрема, како и оваа опрема позади мене е една од најквалитетните, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

За време на настанот освен презентација на опрема, беше изведена показна вежба од страна на припадниците на Армијата.