Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Министерството за финансии: Владата ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ за периодот 2026 – 2030

Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година.

Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и заштита на еврото од фалсификување и има цел да придонесе за подобрување на дисциплината и транспарентноста во користењето на јавните средства (национални средства и средства од ЕУ), но и за обезбедување заштита на финансиските интереси на ЕУ во РСМ.

Стратегијата е подготвена по партиципативен пристап на Oдделението за координација на борба против измами на ЕУ-средствата (АФКОС-одделението) при Министерството за финансии со вклучување на сите засегнати страни и меѓусекторска координација и соработка со институциите што се дел од Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата (АФКОС-мрежата), органите и структурите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Реклама

– Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РС Македонија 2026 – 2030 година значи спроведување реформа во приоритетните области ,кои се однесуваат на превенција од неправилности и измами, откривање неправилности и случаи на сомнежи за измами, истрага и гонење измами и поврат на средства и санкции. Преку спроведување на стратегијата се очекува зајакнување на превенцијата од неправилности и измами и воспоставување ефективни и сразмерни мерки против измами, подобрување на алатките и техниките за откривање неправилности и измами, обезбедување навремена истрага и соодветен третман на пријавените случаи на сомнежи за измами, како и зајакнување на капацитетот за обезбедување сразмерни и одвраќачки казни, соодветни финансиски корекции и дестимулирање во случај на неправилности и измами – се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Националната стратегија за борба против измами го промовира мотото „нулта толеранција за измама“  при спроведување на програмите на ЕУ.

Националната стратегија за борба против измама првпат е донесена во 2019 година со цел подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементацијата на ЕУ-фондовите.