Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Министерството за здравство наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

Министерството за здравство информира дека го задолжило Центарот за јавно здравје –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.

– Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава, велат од Министерството за здравство.

Станува збор за вонредно прскање против комарци, спроведено по индикација, согласно Програмата за јавно здравје и по добиените стручни информации од ЦЈЗ-Скопје.

Реклама

-Паралелно со оваа мерка, согласно годишниот план на ЦЈЗ-Скопје, континуирано се реализираат и редовните активности на територијата на Град Скопје. Од таму информираат дека во текот на мај и јуни се спроведени три акции на ларвицидна авионска дезинсекција, велат од Министерството за здравство.

Потсетуват дека во јули е реализирана и втората акција на терестичка адултицидна дезинсекција во повеќе скопски населби, како што се: Ѓорче Петров, Хром, Влае, Карпош, Дебар маало, Маџир маало, кеј на Вардар, Водно, Пржино, Драчево, Маџари, Лисиче и други населени места, насочена кон сузбивање на возрасните форми на комарци.