Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за поддршка на земјоделски и рурални манифестации

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска потпиша седум договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска потпиша седум договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој, во вкупна вредност од 1.048.509 денари, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што соопшти Министерството, финансиската поддршка е наменета за реализација на локални настани посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции.

Средствата се доделени по спроведен јавен повик на кој биле доставени 26 предлози. По административната проверка и постапката за избор, седум манифестации ги исполниле условите за добивање техничка поддршка.

Реклама

– Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно  ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини – порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите- изјави Серафимовски при потпишувањето на договорите.

Поддршка добија Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш за манифестацијата „Од зрно до погача“, Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово за „Ден на задруги 2026“, Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола за „Рурална жена – силата на Пелагонија“, како и Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“ од Скопје за манифестацијата „Храна за сите“.