Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Милошоски: Европската комисија ја потврди Македонија како лидер во реформите, СДСM да не ги блокира законите од Реформската агенда

Почитувани новинари, почитувана јавност. Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани новинари, почитувана јавност. Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер по однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда.

Според правилата на планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на постигнати реформи и тука Албанија, Македонија и Црна Гора се оценети со највисока оценка за разлика од други земји кандидати во регионот.

Оваа потврда од Европската комисија дека Македонија ги спроведува обврските од Реформската агенда, односно дека има значителен напредок е силна потврда, но исто така и мотивација за македонската Влада и за парламентарното мнозинство да продолжиме со ова темпо.

Реклама

Како држава ја поздравуваме оценката на Европската комисија, како и нивниот план за реалокација на средства од Планот за раст, при што од оние земји коишто постигнале послаби реформи би се одзеле одреден дел на средства и истите би се алоцирале кон Албанија, Македонија и Црна Гора како земји коишто предничат во спроведувањето на реформите согласно Реформската агенда.

Со овие проценки на Европската комисија, за жал на Венко Филипче, се растура нивната манипулација дека Македонија заостанува во реформите, но оваа проценка од Европската комисија ни дава за право да упатиме еден апел до претседателот на СДСM, Филипче, доколку Европската комисија ги препознава реформите коишто Македонија ги има постигнато, тогаш барем тој како претседател на оваа опозициона партија да не ги попречува законите коишто се дел од обврските во Реформската агенда, исто како и Изборниот законик и да биде прагматичен во интерес на државата, да дозволи и овој закон да биде изгласан и со тоа Македонија да си го зацврсти и својот углед во Брисел пред Европската комисија и да си овозможи добивање на поголем дел на средства од Планот за раст.