Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Меџити на отворањето на изложбата „Сведочи – 30 години патување низ фотографијата“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на отворањето на фотографската изложба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на отворањето на фотографската изложба „Сведочи – 30 години патување низ фотографијата“ на фотографот Енгин Узун, Албанец со потекло од Скопје, која беше отворена во просториите на Куршумли ан.

Изложбата опфаќа три децении од уметничкото творештво на Узун, претставувајќи преку фотографијата луѓе, места и приказни зачувани низ годините како дел од нашата културна меморија.

„Како што Куршумли ан во своите ѕидови ги зачувал трагите на времето, така и фотографијата ги чува миговите кои инаку би биле однесени од заборавот. Историјата не се пишува само во книгите, туку и преку лицата, местата и моментите кои објективот успева да ги направи вечни,“ изјави Меџити.

Реклама

Меџити му честиташе на Енгин Узун за значајниот јубилеј – 30 години уметничко творештво, посакувајќи му целосно закрепнување, добро здравје и сила, како и уште многу години успешно уметничко творештво.