Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мерко никако да влезе во судница

Уште не почнат,се одложи судскиот процес против Рамиз Мерко кој одговара за спорната набавка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште не почнат,се одложи судскиот процес против Рамиз Мерко кој одговара за спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“.Во судницата не се појави нити Мерко, нити неговиот бранител Игор Петковски.Затекната, судијката која со него телефонски стапи во контакт праша, дали ова треба да го третира како намерно одлагање,затоа што како што самата рече им излегла во пресрет на сите нивни барања .Петковски на кој му бил увозможен увид во списите содржани во 27 фајлови,не дошол бидејќи имал друго судење ,но тоа вели не е единствената причина.

 “Бидејќи немаме докази побаравме одлагање со оглед дека се работи за обемен доказен матерјал”-вели Игор Петковски,адвокат на Мерко

Според обвинителниот акт ,Мерко се терети за злоупотреба на службената положба при набавката на автомобилот ауди.

Реклама

” Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната,така да на крај судот е тој што ќе одлучи што навистина се случило,ние сметаме дека има дело” –вели Никола Јолевски-јавен обвинител од ОЈО Струга

Во обвинението меѓудругото стои дека во 2018-та година,без претходно одобрување на годишниот план за јавни набавки од страна на општинскиот совет, во услови кога општината имала долгови и блокирана жиро-сметка, за сума од 67.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра.  

Главното рочиште за овој судски процес се одложи за 3 јуни,во меѓувреме, на 22-ри мај Мерко ќе седне на обвинителна клупа за друго дело.Ќе одговара за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветен в.д. директор на училиштетото во Лабуништа.Според обвинението наместо да именува вршител на должност од редот на вработените, поставил директорка која немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа. 

Рамиз Мерко ќе седне на обвинителна клупа по речиси една година откако беше ставен на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Новинар Росица Голабоска