Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Странците кои возат брзо низ  Македонија нема да поминат без казна. Системот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странците кои возат брзо низ  Македонија нема да поминат без казна. Системот „Безбеден град“ веќе ги регистрира прекршоците, а надлежните смислиле решение  како да се наплаќаат. Во последниве месеци уловени преку камерите  се над 33 илјади возила со странски регистерски ознаки кои направиле прекршок.  

Во периодот од 02 февруари до 31 мај 2026 година, во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 33.722 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки, од кои најголем дел во текот на мај -11.258, а најмал број на прекршоци се регистрирани во текот на февруари-4.301.“- велат од МВР.

Додека се бара трајно решение за странските возила ,  оние кои не ги почитуваат собраќајните правила во Македонија , а не се нејзини државјани, ќе бидат  казнувани  од полициските службеници „пресретнувачи“,  кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10.

Реклама

За во иднина планот е како и сите останати, така и странските шофери да добиваат СМС-пораки, а казните  ќе им бидат врачени на граничните премини при излез од земјава. Дали ќе мора да платат веднаш на граница или електронски и што доколлу не се плати казната, засега нема прецизни одговори.

Инаку во повеќе европски земји во кои со години функционираат ваквите системи, се казнуваат и странските возила. Казните им се доставуваат по напуштањето на државата, а функционирањето е овозможено преку билатерални договори и размена на податоци меѓу институциите.

Од МВР велат дека системот засега ги носи посакуваните резултати. Бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти во споредба со истиот период лани. Статистиките покажуваат дека најчесто се возело побрзо од дозволеното.