Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Засега нема ништо од заедничкиот предлог за измени во Изборниот законик, поддржани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засега нема ништо од заедничкиот предлог за измени во Изборниот законик, поддржани од опозициските партии. Од владејачката коалиција истакнаа дека ќе прифатат се што ќе биде предлжено од опозицијата во Собрание, но тие прво ќе треба да се договорат меѓусебно и со пречистен текст да излезат пред пратениците од мнозинството.

Од власта се волјни да се зголеми финансирањето на партиите, како и подготвени се да прифатат една изборна единица, но само доколку на дијаспората и биде овозможено гласање во поголем обем.

„Не може еден ден да се договараат, а следниот ден да го блокираат истиот закон кој веќе бил договорен. Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања. Затоа ги повикуваме најпрво да се договорат меѓу себе. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и конечно, да седнат и да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) обвинија дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им се приоритет изборните реформи, ниту подобрувањето на Изборниот законик, туку создавање услови за изборни манипулации со гласовите од дијаспората.

Од партијата порачуваат дека остануваат на својот став и дека нема да поддржат решенија кои би овозможиле злоупотреби на изборниот процес, нагласувајќи дека ќе се залагаат за заштита на гласот на секој граѓанин.

Измените во Изборниот заоник се дел од реформскиот пакет, чие исполнување е услов за пристап до финансирањето на ЕУ.