Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Малолетници нема да може да возат тротинети, максималната брзина се ограничува на 20 километри на час

Помлади од 18 години во иднина нема да можат да возат електричен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помлади од 18 години во иднина нема да можат да возат електричен тротинет, а максималната брзина ќе биде ограничена на 20 километри на час. Ова се предложените измени на Законот за безбедност во сообраќајот, кои пратениците ќе ги разгледуваат по скратена постапка.

Дополнително, планирано е да се заострат и санкциите. Покрај глобата, ќе се одземаат и електричниот тротинет, мопедот или мотоциклот на лица кои управуваат под дејство на алкохол.

„Се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина на движење на лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина до 20 километри на час, согласно препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила“ – истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Реклама

Мицевски вели дека се свесни за ригорозноста на законот, но дека целта е да се заштитат младите од несреќите со тротинети.

„Анализите на МВР покажуваат дека во повеќето несреќи со електрични тротинети, истите биле управувани од лица на возраст од 16 и 17 години“ – истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Од 2024 до 2026 година се случиле 2.352 сообраќајни незгоди во кои учествувале мопеди, мотоцикли и електрични тротинети. Загинале 46 лица, а 585 завршиле со тешки телесни повреди.

Инаку, МВР овој месец спроведува засилени контроли на возачи на мотоцикли, мопеди и електрични тротинети, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.