Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Македонски крпен живот

Се потежок станува животот во државата. Ниту најавата за стабилизирање на цените,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се потежок станува животот во државата. Ниту најавата за стабилизирање на цените, не влева оптимизам кај граѓаните.  Инфлацискиот товар од поскапените храна и струја, е причина за речиси половина од населението живее во сиромаштија или е во ризик. Две и пол минимални плати, минатиот месец биле потребни  за да се покријат минималните трошоци за едно четиричлено семејство. Револтирани се бидејќи јазот помеѓу минималната и функционерската плата е огромен.

“Они си ги качија платите, а другите не треба да живеат. Пензиите ни се многу мали, а и работниците земаат мали плати. Премногу е скапо“ коментираат граѓаните.

Речиси 50% од доходот граѓаните го трошат за храна и станарина, за разлика од потрошувачката кошничка на Европската Унија, каде што храната и енергијата учествуваат со околу 30%, покажуваат податоците во последната анализа во пукбликацијата „Квалитет на живот„ на „Фајненс тинк„. Граѓаните сметаат дека допрва ќе стануваме зависни од увоз на храна. Македонија се помалку произведува храна од она што и е потребно. Незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, објаснуваат производителите кои денеска продаваа на штипскиот пазар.

Реклама

“Младите не сакаат да работат, нема пари во земјоделието. Како шо нема кој да работи и овие цени се добри. И ние повеќе нема да работиме, земјоделието ќе оди во колапс, така да си знае министерот“ велат земјоделците кои денес на пазарот во Штип ги продаваа своите производи.

Според истата публикација на „Фајненс тинк„ нашата држава во четвртиот квартал минатата година, по индекс на мизерија од 33,4 била трета во земјите од Европа. Пред нас се Босна и Херцеговина и Турција.

Александра Ристевска