Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Македонија останува со најевтини горива во регионот, но и без рестрикции. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува со најевтини горива во регионот, но и без рестрикции. Од понеделник Хрватите ќе точат само одредена количина, додека пак и другите земји од размислуваат да стават ограничувања. Кај нас нема секој ќе може да точи бензин и нафта онолку колку што му е потребно.

Според сегашните цени, едно полнење на резервоар од 50 литри во Македонија изнесува  околу 70 евра за бензин и нешто повеќе од 71 евро за дизел. Но, истиот резервоар во соседството чини и до 30 евра повеќе. Најскапо е во Грција, каде за 50 литри бензин ќе платите речиси 100 евра, додека во Србија дизелот достигнува речиси 95 евра за полн резервоар.

ТЕЛОП МК

Реклама

Држава           50 л Бензин    Разлика од МК          50 л Дизел     Разлика од МК

Македонија    70,5 €  –                      71,5 €  –

Србија            84,0 €                          +13,5 €                        94,5 €              +23,0 €

Грција             99,0 €                          +28,5 €                        92,5 €              +21,0 €

Бугарија         73,0 €                          +2,5 €                          75,0 €              +3,5 €

Албанија        87,5 €                          +17,0 €                        90,0 €              +18,5 €

Хрватска        80,0 €                          +9,5 €                          83,0 €              +11,5 €

Косово            85,0 €                          +14,5 €                        85,0 €              +13,5 €

Словенија      78,0 €                          +7,5 €                          81,5 €              +10,0 €

Инаку, Македонија се стреми да остане со најниски цени на горивата за да се заштити стандардот на граѓаните. Премиерот Мицкоски изјави дека меѓу мерките кои на Владата и стојат на располагање е и намалување на ДДВ-то од 18 на 10%. Сепак, и покрај тоа што оваа е најнепосакувана мерка бидејќи удира директно врз државниот буџет, тој смета дека интересите на граѓаните треба да бидат во фокусот при зачувување на ценовната стабилност. Засега не се знае дали се исполнети условите акцизата да се намали за 4 денари по литар. Услов е цената на нафтата да надмине 1200 долари по тон. Цената во петокот, последен ден на берзанските тргувања, изнесуваше 98,3 долари за барел и е повисока за околу10 долари споредено со минатиот петок. Горивата во Македонија за три недели поскапеа за 14 денари кај дизелот и за 5,5 денари кај бензините.

А, за Владата да мопже да ги носи овие мерки, потребно беше амин и од Собранието. Минатата недела, едногласно со 88 гласа „за“, пратениците изглассаа продолжување на кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати за уште 90 дена.